Македонија
8. December 2018 - 16:31

Расте булингот во училиштата во Битола

Насилството во училиштата е во пораст, а со развојот на технологијата најзачестено е сајбер насилството, кое се среќава кај учениците од повисоките одделенија, велат психолозите.

-Објавување фотографии, видео снимки, пораки со омаловажување, навредување, тоа се случува кога децата не се во личен контакт, но кога ќе се видат тоа може да премине во физичко или психичко насилство, вели Аница Златеевска, психолог во ОУ. Гоце Делчев Битола  

Најчест симптом е отсуствувањето од настава, што има последици врз успехот на учениците.

-Некогаш се повлекуваат учениците, некогаш и тие насилно делуваат, но често се отсуствува од училиште затоа што се плашат да се соочат со тоа што ќе се случи. Најчесто насилниците бираат жртви кои се мирни и дисциплирани, вели Елена Милошевска, психолог во ОУ “ Гоце Делчев“ Битола.

Затоа е најважно, семејството и образовните институции навремено да го детектираат проблемот.

-Посебно треба да бидеме подготвени и да го оправдаме нашиот дигнитет за тоа како институциите, училиштата посебно и другите образовани институции се справуваат со овој проблем, многу малку е познато дека треба да се изврши рана детекција, рано препознавање на првите асоцијални облици на поведение, вели Проф..Д-Р Љупчо Кеверски, педагошки факултет Битола.

Потребно е да се изградат ефикасни модели за превенција на врсничкото насилство кои ќе бидат функционални.