Социјалниот дијалог во Македонија треба да се унапредува
Департизација на сите сфери за овозможување критичка позиција на синдикатот во социјалниот дијалог, јакење на репрезентативните синдикати на сите нивоа и гранки, зголемување на степенот на заштита на синдикалните организаици, зголемен ангажман на Организацијата на работодавачи на Македонија, стимулирање на култура на компромис меѓу актерите, намалување на цензусот за репрезентативност на синдикатите за пет отсто, како и вклучување граѓански преставници и експерти во економскио-социјалниот совет се дел од препораките за унапредување на социјалниот дијалог во Македонија.
На оваа тема се разговараше на денешната трета сесија на Работната група 2-Социјална политика и вработување на тема „Социјалниот дијалог во Република Македонија: Нов концепт-стари практики“ што се одржа во организација на Националната конвенција за ЕУ во Република Македонија.
Претседателот на УПОЗ Пеце Грујовски истакна дека изминатите години немало некој особено добар социјален дијалог, со тоа што, со доаѓањето на новата власт е направен мал исчекор.
-Но, за мене тоа не е вистински социјален дијалог, бидејќи ако имате средба со работодавачот, ве сослуша и потоа не знаете кога ќе има друга средба или не добивате одговор на прашањата, тоа не е дијалог. Можам да констатирам дека исчекорот е уште мал за да може да се каже дека во јавниот сектор имаме некаков напредок на тој план, вели Грујовски.
Тој додава дека доколку се потпише колективен договор за административните и судските службеници, за што се преговара со министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски, потоа ќе може да се кажа дека има поголем исчекор, бидејќи, како што потенцира, од 1995 година за овие вработени не е потпишан колективен договор.
Појасни дека има потпишани неколку колективни договори на ниво на работодавач, оти десеттина се подготвени и чекаат на потпишување, но дека и тука споро оди.
Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија вели дека социјалниот дијалог во Македонија се движи меѓу две крајности, а тоа е, како што рече, од една страна да се прави театар за да се глуми дека има социјален дијалог или со одредени активности да се направи обид да се унапреди дијалогот.
Проблем, според него, се капацитетите за преговори и на работодавачите и на синдикатот, но и тоа колку Владата обрнува внимание на нивните предлози и иницијативи и ги вградува во законските прописи.
-Социјалниот дијалог и на национално ниво и на ниво на гранки, а особено и на ниво на работодавач е во рана фаза на зародиш. Ние како работодавачи ги зголемивме капацитетите сакаме да преговараме да наоѓаме компромисни решенија, но состојбите во синдикатот се полоши.
-Ние како работодавачи ги зголемивме нашите капацитети, и човечки и технички, но, за жал во овој момент немаме партнер со кој ќе преговараме бидејќи ниту еден синдикат во РМ во моментот нема утврдено репрезентативност за да потпишува колективни договори и да може да учествува во социјалниот дијалог, рече Димитров.
За унапредување на социјалниот дијалог, рече, е потребно разбирање меѓу партнерите. Иако, како што рече, секој поаѓа од сопствени интереси, мора да има подготвеност за компромиси за конечни решенија, бидејќи, потенцира, ние имаме одговорност да најдеме решенија за одредени проблеми што се јавуваат во сферата на работните односи.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати
-

Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство
-

Седум лица уапсени од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават

