Над 90 студентски трудови на шестата Студентска конференција за енергетска ефикасност
Повеќе од 90 студенти со свои научни трудови учествуваат на шестата Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕОР), која се одржува на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
– Самата конференција има научен и едукативен карактер со што студентите ги продлабочуваат своите знаења во областите од нивен интерес и тоа, соработувајќи со најдобрите стручни лица во соодветните теми на фокус, потенцира Ангела Најдоска, претседател на Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој.
Професорката Маргарита Гиновска, координатор на конференцијата, истакна дека меѓу студентите има учесници од Колумбија, Словенија, Израел, Србија и Бугарија со свои научни трудови и повеќе од 10 пленарни предавања на реномирани професори и претставници на компании.
– Пред неколку години ја реновиравме фасадата во енергетски ефикасна фасада, сега работиме на реновирање на внатрешната фасада. Инсталиравме систем за мониторирање на потрошувачката на електрична енергија. Исто така, на ФЕИТ во функција се две фотоволатаични централи со вкупна моќност од 22 киловати а планираме да инсталираме уште 28 киловати. Континурано се менуваат светилките со ефикасни светилки, поставуваме сензори за движење по ходници и водиме сметка за селекција на отпад, наведе деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски.
Студентската конференција ја организираат студентите на ФЕИТ, под покровителство на Факултетот и на Град Скопје.
Основната идеја на конференцијата е да се разменуваат идеи и мислења меѓу студентите, професорите и претставниците од енергетските компании со што се прави чекор напред кон решавање на дел од проблемите од областа на енергетска ефикасност и одржливиот развој, како две светски актуелни прашања на кои интензивно се работи и во Македонија.
Прв пат годинава, во рамки на конференцијата, ќе се одржи хакатон во проосториите на ИНОФЕИТ посветен на развивање на идеите на студентите во насока на остварување на успешни бизнис модели и планови, во соработка со професори, директори од влијателни компании и личности од бизнис секторот.
Целта е да се поттикнат студентите да ги насочат своите идеи и активности кон суштинска импементација и развивање на иновативни бизниси.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени