70 години Национален парк Пелистер
Бројот на посетители на Пелистер не е зголемен последниве месеци откако Советот на општината донесе одлука до крајот на годината битолчани да не плаќаат за влез во Националниот парк. Оваа година Пелистер имал 7000 посетители, од кои 10% се странци.
- Заинтересираноста е перманентна, зависи од временските прилики, од желбата. Ние бевме принудени на некој начин да го спроведуваме законот и законските обврски, советот донесе одлука битолчани да бараат спас на некој начин на Пелистер и ние го прифативме со тоа што останува обврската да им се наплаќа на оние кои доаѓаат од другите градови, вели Пеце Цветановски, Национален парк Пелистер.
Иако има големи можности за развој на туризмот, проблем е што оваа установа нема свои објекти за таа намена, а туризмот не го развива како посебна дејност.
-Oстануваат некои работи кои во иднина треба да се направат, кои досега не се успаело, да се направи нов асфалтен, проширен пат кој што ќе донесе повеќе луѓе и ќе имаат можност да уживаат во планината. Некогаш е подобро само до одредено место да има поширок пат, а потоа да се пешачи, за да не се загадува околината. Бидејќи лесно е да ги донесете луѓето до одреден простор, но тешко е да го соберете она што ќе остане како отпад, вели Цветановски.
Вљубениците пак во планината, порачуваат:
-Шетајте по шумските патеки, за да не шетате по градските аптеки, затоа што планината дава живот и е повредна од злато, вели Петар Ставрев, планинар и фотограф.
Пелистер деновиве одбележа 70 години од прогласувањето за национален парк, прв во поранешна Југославија, а е 13-ти во Европа.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
