-->
-->
Хорор повреда: Фудбалер си го скрши вратот на терен
-->
Корејскиот фудбалер Ли Сунг Мо, од тимот на Квангжу го скрши вратот за време на еден натпревар по страшниот пад по еден воздушен дуел.Инцидентот се случил во 7-ма минута од мечот Квангѓу Дежон во полуфиналето на Втората лига.
Сунг Мо скокнал на назад и се превртел преку грбот на еден противнички фудбалер по што паднал директно на главата.
Судијата моментално го прекинал натпреварот и ги повикал докторите на теренот.
20-годишниот Мо експресно е пренесен во болница.

На медицинските прегледи е потврдено дека Сунг Мо при падот доживеал три фрактури на вратниот дел на кичмата и дека неговото заздравување ќе трае три месеци.
На крај може да се заклучи и дека младиот Мо имал голема среќа во овој инцидент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого
-

Усвоени законски измени за полиција, внатрешни работи и радиодифузија во Собранието
-

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии
-

Вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени шест лица
-

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Советот на Европа: Македонските затвори умерено пренатрупани, земјата меѓу водечките по должина на изречените казни
-

Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено
-

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи
