Битолските велосипедисти бараат патеки за велосипеди
Откако повторно беше ставена во функција мерната станица Битола 2 која се наоѓа во центарот на градот, од 15 ноември покажувa повисоки вредности на суспендираните честички ПМ10 над нормалната граница, освен последните два дена. Кон загадувањето во Битола придонесува и големиот број возила, кои моментално ги има над 25 000, а од нив 11.000 се дизел. Велосипедистите пак се жалат дека немаат услови како да се движат низ градот бидејќи нема велосипедски патеки.
-Дизел возила имаше околу 4000 во 2007 година, а сега има над 11.,000, тоа е раст од 178%, а тоа е најзагадувачки транспорт. Ако не преземаме други мерки, автоматски ги поттикнуваме нив. Ние повикуваме дека прво треба да се воведат велосипедски патеки, беше ветувано, ништо не е направено, имаме навистина големи очекувања од локалната самоупарава, вели Виктор Илиев, Битола на точак
Зголемен е и бројот на возила по глава на жител, на 1000 жители има 198 возила.
- Не можеме да повикаме луѓето да не возат, возила, затоа што нема други алтерантиви, и тие се приморани тос да го прават. Но на кратки растојанија свесни сме дека и само за пола километар луѓето влегуваат в кола, навиките треба да се променат,
Инаку во Битола ќе се возат 193 велосипеди плус, односно толку апликации се прифатени од општината после аплицирањето за субвенционирање на велосипеди, како една од мерките против загадувањето.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
