Жител на битолското село Гермија поместил 105 гранични камења на македонско-грчката граница
Триесет и шест годишен жител на селото Гермија, Битолско признал дека е одговорен за поместувањето на граничните камења меѓу Грција и Македонија.
Регионалниот центар за гранични работи Југ, како што соопшти МВР, го расчисти инцидентот, што се случи на 23 ноември, кога во периодот од 14:00 до 20:00 часот од страна на непознато лице беа оштетени и поместени граничните камења помеѓу Македонија и Грција.
По преземени мерки констатирано е дека сторител на кривичното дело “оштетување туѓи предмети” е Б.М.(36) од с. Гермијан, Битола.
Во полициска станица извршен е разговор со Б.М. и тој го признал кривичното дело.
Во координација со Основното јавно обвинителство Битола и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
Претставници на македонскиот дел на граничната Комисија за Сектор 3 и 4, заедно со претставници на грчките министерства за внатрешни работи и за одбрана, како што соопшти македонското МНР на 26 ноември, претходно излегле на терен и констатирале дека се изместени и оштетени гранични камења во должина од 12 километри.
Претходно грчката полиција соопшти дека непознати лица уништиле и оштетиле 105 гранични камења, што ја одредуваат границата меѓу Грција и Македонија, од грчка страна, во општина Лерин.
Ново на Сител
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
-

Три години силувал и злоупотребувал дете за креирање на порнографски содржини - Обвинителството побара притвор
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни

