Сопругот на Теодора низ солзи: Се уште ја сакам иако е убиец

Мојата Теодора е жртва на злоставување поради кое стана насилник. Со години мајка и ја маптретираше, ја нарекуваше наркоман, ете се случи што се случи. Сепак, уште ја сакам иако стана убиец. Со овие зборови ја раскажува тажната приказна сопругот на Теодора Викторовиќ која пред неколку месеци си ги уби бабата и мајката.
Се вратив дома, а мојата сопруга беше во тоалет. Кога излезе беше цела крвава и избезумена. Ја зграбив ќеркичката во рака и отидов надвор. Првата средба ни беше во затвор, плачевме и двајцата, вели Борислав низ солзи.
Тој во затворот не го одвел четиригодишниот син, не знаел како да му каже дека мајка му направила убиство. Со оглед на тоа дека таа е глумица, синчето мислело дека полицајците глумат и дека неговата мајка ќе се врати дома.
- Ја сакам, тоа е жената на мојот живот, со неа поминав десет години и ми роди два ангела. Никогаш нема да се одречам од неа. Сигурен сум дека се кае за се, но го направи бидејќи беше под голем притисок, вели тој.
За потсетување, Теодора ја закла мајка си и баба си во нивниот стан откако како што кажа, со месеци била малтретирана.
Ново на Сител
-

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања
-

Германските фудбалски клубови казнети со 12 милиони евра
-

Јаневска: Најмалку 60 проценти покачување на платите за наставниците во четири години, доколку дозволи буџетот ќе има и повеќе
-

Сопственик на сервис лоциран до „Пулс“ сведочеше за реновирањето и пожарот во дискотеката
-

Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства, уапсени две лица, од кои едното е полициски службеник | ВИДЕО
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
