Нови Сад со сепаратистички натписи: „Плоштад на Република Војводина“

Во поширокиот центар на Нови Сад, две од вкупно трите табли со името „Плоштад на републиката“ денеска се прелепени со плакати, на кои со кирилично писмо пишуваше „Плоштад на Република Војводина“.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера на овој плоштад го откри споменикот на кралот Петар Први Караѓорѓевиќ, на свеченоста по повод денот кога Војводина пред 100 години се присоедини на Србија, по Првата светска војна.
Во саботата на неколку места во Војводина беа поставени плакати на кои пишуваше „По 100 години и Хонгконг рече довидување”.
Плакатите беа потпишани од организацијата Млада Војводина, а потписот беше илустриран со името на организацијата и со ѕвезда петокрака.
Организацијата Млада Војводина и порано беше позната по слични акции.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
