-->
-->
Татко и син под истрага за неовластено држење оружје и дрога
-->
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син.
-За таткото постои основано сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Неговиот син, пак, е осомничен дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, соопшти Јавното обвинителство.
Имено, на 22-ри овој месец при претрес на домот на осомничениот татко во селото Кучково, било утврдено дека тој кај себе неовластено држел огнено оружје – пиштол „Црвена застава” со калибар од 7.65мм и сигнален пиштол М50, поголемо количество муниција – куршуми од различен калибар, како и експлозивни материи чија употреба е забранета – рачна бомба модел Н38, едно погонско полнење на ракети модел ПГ 7, како и еден котур со детонаторски фитил. При претресот кај осомничениот била пронајдена и наркотична дрога марихуана со нето маса од 0.80 грама и вага со траги од наркотична дрога.
Истиот ден бил извршен претрес и во домот на неговиот син во Скопје, кај кого била пронајдена наркотична дрога марихуана со нето маса од 60.8 грама.
Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 доставил и предлог за определување мерка притвор на осомничените.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково