Бизнис
5. November 2015 - 19:31

Притисни „црвено копче“- проект за решавање на имотно правните проблеми

Околу 205 фирми пријавиле проблеми со плацевите. Компаниите најчесто поднесуваат барање за решавање на проблемите поврзани со приватизирање на земјиштето информираат од Управата за имотно правни работи. Велат дека досега се решени споровите на 88 компании а за 46 постапката е делумно завршена. Се работи за големи површини земјиште поради што случаите се решаваат подолго време.

Станува збор и за правни лица коишто се правни следбеници на поранешни правни лица и тука веќе е потребно да се испита целата историја на движење, односно да се утврди легитимитетот на оној кој е барател во постапката. Во постапката за приватизација понекогаш се појавуваат и повеќе прашања коишто претходно треба да се расчистат пред да се пристапи на она што е главно, односно барањето за приватизација,

Крстановски потенцираше дека не само фирмите  туку и граѓаните кои имаат имотно правни проблеми а не се пријавиле на досегашните повици можат да се вклучат во акцијата Притисни црвено копче доколку имаш имотно правен проблем. Стручните тимови ќе ги насочат за следните чекори во зависност од проблематиката.

Приватизацијата на земјиштето е еден од побитните проекти кои Владата на барање на бизнисмените ги спроведува. Од 2009 досега на повеќе од 2500 фирми им беше овозможено да си го приватизираат земјиштето, со што не само што се зголеми нивната вредност туку се олесни и нивниот пристап до кредити од банките со ставање на имотот под хипотека.