Тркалезна маса во Битола „Ајде да зборуваме за психологијата и психотерапијата“
Македонско научно друштво-Битола и Анима центар за личен развој, едукација и психотерапија-Скопје одржаа тркалезна маса на тема „Ајде да зборуваме за психологијата и психотерапијата“.
Пред студентите, наставниот кадар и гости на меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Битола, говореа основачот на Анима-Центар од Скопје, Вера Димовска, психолог и гештал терапевт и професорите Марија Котевска Димовска и Сашо Кочанковски, членови на МНД-Битола, кои учесниците на едукативниот настан ги потсетија на основите и основачите на психологијата, улогата на психологот во различна професионална работна средина, а беа презентирани и научни истражувања со компаративни анализи за состојби во државата и странство од сферата на психологијата и психотерапријата.
Македонско научно друштво-Битола и Анима центар за личен развој, едукација и психотерапија-Скопје во рамки на промотивниот настан потпишаа Меморандум за научна, образовна, техничка и апликативна соработка, фокусирана на научно истражувачки проекти, консултации и експертизи, организација на стручни дебати, работилници и обуки.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци