Патникот не престанувал да се жали за местото во авионот, а стјуардесата направила нешто штто сите ги воодушевила
Персоналот во авионите се соочуваат со многу необични и непријатни ситуации на своето работно место.
Заглавени во ограничен простор со странци, над земјата, не е лесно, да не заборавиме дека се принудени да се смешкаат и да бидат љубезни со сите, додека ги послужуваат.
Сепак, некогаш прекипува чашата, особено ако патникот им оди на нерви.
Ова е приказна за една стјуардеса, на која патникот и се жалел за своето место во авионот.
Фотографијата е од лет во Јапонија споделена на социјалните мрежи, затоа што патникот се побунил за своето седиште, кое не било покрај прозор.
Според пишувањата на локалните медиуми, тоа место било покрај ѕидот од кабината, што понекогаш се случува на комерцијалните летови, иако место покрај прозор чини поскапо.
Неименуваниот маж барал да биде преместен во друг ред, но сите места биле зафатени.
Откако ги ислушала сите жалби на патникот, стјуардесата дошла до генијална идеја. Отишла, за кратко време се вратила со лист хартија и самолеплива трака.
На листот насликала прозор, облаци и море. Фотографијата веднаш станала хит на интернет.
Ново на Сител
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот