Заврши реконструкцијата на постојниот железнички мост на „Никола Тесла“ во Куманово
Сообраќајот на улицата „Никола Тесла“ во Куманово од денеска се одвива непречено, информираа од компанијата изведувач, Х. Ф. Вибе, од каде што посочија дека заврши реконструкцијата и рехабилитацијата на постојниот железнички мост на оваа улица, која е дел од проектот „Рехабилитација на Железничкиот Коридор 8, делницата Куманово – Бељаковце“.
Реконструкцијата заврши деновиве, а официјално денеска под надзор на општинските и сообраќајните власти, сообраќајот повторно е пуштен во употреба и се одвива непречено за сите типови возила. Претходно, возилата се движеа по заобиколен пат, изработен од изведувачот.
Сообраќајот на оваа делница во текот на изминатите месеци се одвиваше по девијацијата направена врз основа на барањата од општинските власти и од локалното население од Долно и Горно Којнаре, Речица и селата од липковскиот регион. Реконструкцијата на мостот за потребите на железничкиот коридор 8, започна да се реализира од средината на јули годинава и заврши денеска.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково