Фудбал
13. November 2018 - 14:21

Се разделија Ашдод и Милевски

Слабиот старто во сезоната во која оствари само две победи во 9. кола е причина што раководството на израелскиот прволигаш Ашдод се одлучи да се раздели со поранешниот селектор на младата репрезентација на Македонија Благоја Милевски. 

Милевски кој беше и поранешен играч на Ашдод не успеа да го оствари посакуваното бодовно салдо па екипата падна на претпоследното место на табелата што ги загрижи навивачите.