Извештајот „Doing Business 2019“ на Светска банка на денешната редовна владина седница
На предлог на Министерството за финансии, на денешната редовна 102-ра седница Владата на Република Македонија ќе го разгледа предлог – законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.
Министерството за финансии за денешната седница ја предлага и информацијата за рангот на Македонија според извештајот „Doing Business 2019“ на Светска банка со предлог заклучоци, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.
Како материјал за информирање, денеска Владата ќе ја разгледа информацијата во врска со изградба на пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Тетово.
Пред министрите, се посочува во соопштението, ќе се најде информацијата за усвојување на стандардни оперативни процедури за постапување со жртви на трговија со луѓе, предложена од Министерството за внатрешни работи.
Дел од точките на дневниот ред е предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство.
Владата на Република Македонија денеска ќе одлучува и по информацијата за потребата од зголемување на бројот на Државните правобранители од страна на Државното правобранителство.
Ново на Сител
-

Муцунски и Прево на утринско трчање низ Скопје
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса

