Хан: Кристално јасна порака до Мицкоски и поддршка за Богојевски, Тодоров и Александровска
„Убава средба“ предмалку на Твитер напиша еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан по кусата средба со делегација на реформското крило на ВМРО-ДПМНЕ, во состав Петар Богојевски, пратеничката Емисија Александрова и поранешниот министер Никола Тодоров, кои пред извесно време беа исклучени од партијата, а на покана на претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Жозеф Дол, присуствуваат на Конгресот на партијата во Хелсинки.
„Им честитам на нивната храброст и храброста покажана во гласањето за Договорот од Преспа. Сите закани против нив мора да престанат! Сите партии треба да работат на агендата на ЕУ, кон која сакаат поголемиот дел од граѓаните“, твитна Хан од Хелсинки.
Претходно, синоќа, еврокомесарот имал средба и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оценувајќи дека со со него има „корисен разговор“
„Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа сега мора брзо да заврши, без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не ја попречува постапката во Парламентот. на интеграцијата во ЕУ и треба лојална опозиција“, напиша Хан на Твитер по средбата, што се оддржала на маргините на Конгерсот на ЕПП во Хелсинки.
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД

