Со промоција на првата македонска офицерска сабја за почести се одбележува Денот на Баталјонот за почести
Припадниците на Баталјонот за почести и опслужување во Армијата на Република Македонија (АРМ) денеска работно ќе ја одбележат 75 годишнината од нејзиното формирање односно од формирањето на првата македонско-косовска ударна бригада на 11 Ноември 1943 година во село Сливово.
Денот на баталјонот ќе се одбележи со промоција на промоција на првата македонска офицерска сабја за почести, со смена на државните знамиња пред резиденцијата на претседателот на Република Македонија и пред Владата, како и со промоција на првата книга „Почесна гарда на АРМ “ посветена на сите припадници на почесната гарда од авторот потколковник м-р Иван Атанасоски, командант на баталјонот.
Предвидена е и посета на Детската клиника во Скопје, како и крводарителна акција.
– Првата македонска офицерска сабја за почести е наша автохтона оригинална, проект на кој работевме шест месеци и многу се гордееме, вели командантот на Баталјонот порполковник Атанасоски.
За изработката на ликот на оваа сабја биле извршени консултации со многу државни и граѓански институции, меѓу кои Музеј на Македонија, Воениот музеј, верските институции – Охридска архиепископија МПЦ и ИВЗ. Дизајнот на сабјата е изработен од Стојанче Величковски хералдички уметник.
Сабјата е украсена со уникатен македонски рубин и реткиот минерал на лорандитот од рудникот Алшар.
Интересен е декоративниот орнамент – Златната ракавица, затоа што по својата форма е во вид на преплет и претставува симбол на безконечност, а во кружните форми што се образуваат последователно се јавува симбол сонцето. На церемонијалната сабја е изгравиран амблемот на единицата. Формата на штитникот на рачката е инспириран од македонскиот даб, додека неговите транспарентни сегмени ја симболизираат подготвеноста и стремежот на граѓаните на Република Македонија да изградат модерна и транспарентна армија која ќе го штити суверенитетот и интегритетот на земјата.
Ново на Сител
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила
-
Хрватите гласаат на претседателски избори
-
Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120
-
Состојба на патишта
-
Студено со услови за магла по одделни котлини, температурите од -7 до 11 степени
-
Силекс на подготовки во Анталија
-
Клиентите на Халк Банка АД Скопје цел на лажна кампања за прибирање на броеви на картици и лични податоци