Во Велес завршија 51 те Детски Рацинови средби

Со промоција на публикацијата „Кочо Рацин“ – живот и дело од авторите Павлина Василева и Марин Клифив попладнево во „Сокачето на поезијата“ кај Спомен куќата на Коста Солев Рацин во Велес завршија 51-те Детски Рацинови средби.
Како што појасни за МИА, Марин Клифов, станува збор за публикација напишана на англиско -македонски јазик со која посетителите на Спомен куќата на Рацин можат подобро да се запозанаат со неговиот живот и дело.
Ова е второ издание на ова публикација и е збогатена и со нови фотографии од Рацин и стар Велес ,а нејзиното печатење е финансирано од проект на Министерството за култура, појасни Павлина Василева.
Васил Тоциновски, промотор на публикацијата, пред учесниците во „Сокачето на поезијата“ каде секојдневно на пат за дома поминувал Рацин потенцира дека неговиотт дух е се уште жив тука и се чувствува низ годините.
-И со својата смрт Рацин покажа дека ги победи времето и просторот, а неговата големина докажа дека и по смртта тој остана голем. Рацин воедно не задолжи и после толку децении, да се потсетуваме, да мислиме и не предупредува да се почитуваме и сакаме себе си,потенцира Тоциновски.
Во рамки на Рациновите средби претпладнево низ велешките училишта се одржа и Поетскиот караван на кој познати македонски писатели ги посетија велешките училишта и заедно со учесниците – млади поети , читаа свои стихови посветени на Рацин.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
