ВМРО-ДПМНЕ се координира пред комисиската расправа за уставните амандмани
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне на состанок со пратениците од нивната пратеничка група и Коалицијата „За подобра Македонија“ треба да ја утврдат конечната позиција како ќе делуваат утре и во среда кога се закажани седниците на Комисијата за мандатно – имунитетни прашања, односно на Комисијата за уставни прашања.
Мицкоски вчера во интервју за Сител, најавувајќи ја координацијата, кажа дека ќе водат жестока дебата по поднесените нацрт-амандмани за уставните измени на комисиската, а потоа и на пленарната седница.
– Очекувам една жестока критика на сето она што ќе биде предложено од владејачкото мнозинство и Владата во рамки на комисиската расправа, а потоа и во рамки на собраниската расправа од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сето она што претходно го излажаа за владејачкото мнозинство да биде демаскирано пред јавноста, кое едно зборуваа претходно, а друго имплементираат на дело, рече Мицкоски.
Тој потврди дека во моментот има нова реалност во Собранието, односно 80 пратеници кои гласаа за потребата за отпочнување на уставни измени, но рече и дека процесот е долг и допрва продолжува.
Предлогот за одземање на мандатот на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство, е единствена точка на дневен ред на за утре закажаната седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
Членовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во петокот се изјаснија дека нема да гласаат за одземање на мандатот на поранешниот лидер на партијата.
Груевски најдоцна до 8 ноември треба да се јави на издржување на двегодишната затворска казна. Во петокот, Кривичниот суд соопшти дека судија за извршување санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на казната.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување