Дирекцијата за заштита и спасување дислоцираше неексплодирани убојни средства од Првата светска војна
По дојава од ПОЗС Прилеп од стовариште за отпад со старо железо кое се наоѓа во околината на Прилеп, на патот за Крушево, од страна на пиротехничарот Георги Стефанов од ПОЗС Битола беа подигнати следните неексплодирани убојни средства: 9 артилериски гранати 74 мм, 3 артилериски гранати 105мм, 1 артилериска граната 122мм, 5 мини минофрлачки 75 мм,2 мини минофрлачки 62 мм и 3 запалки од артилериски гранати сите од Прва светска војна.
Пронајдени беа и 185 празни чаури од артилериски гранати 75 мм, 18 празни чаури од артилериски гранати 105мм, 7 празни чаури од артилериски гранати 85 мм, 5 празни чаури од мини минофрлачки 62мм и 3 празни рачни бомби од непознато потекло од Првата светска војна.Имено, празните чаури се безопасни по живот, но се опасни по здравјето на луѓето поради нивното канцерогено дејство.
Неексплодираните убојни средства и празните чаури од артилериските гранати се дислоцирани на безбедно место во магацин во Битола, каде се собираат пред да се носат во Криволак на уништување.
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор

