Македонија
30. October 2018 - 10:53

Со возило излетал од патот Крупиште - Пробиштип, тешко повредена возрасна сопатничка

Вчера во 10.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Крупиште-Пробиштип, В.П.(46) од село Стрмош, пробиштипско, управувајќи патничко возло „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и се превртел.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.П.(69) од село Стрмош, а и била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.