Македонија
29. October 2018 - 10:48

Крвав викенд во Скопје: Еден загинат и 17 повредени со сообраќајки

Во текот на изминатите денови (26, 27 и 28.10.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 24 сообраќајни незгоди од кои една со починато лице, две со тешки телесни повреди, 13 со телесни повреди и осум со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице починало, две се здобиле со тешки телесни повреди и 15 со лесни телесни повреди.

117 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 95 возачи бидејќи 45 го управувале возилото под дејство на алкохол, 37 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 13 биле возачи почетници. 27 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани.

Исто така санкционирани се и 11 возачи кои поминале на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци и седум неправилно се престроиле. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 226 мандатни платни налози, додека исто така 122 возила се подигнати со „Пајак“.