Премиера на „Елешник“ во велешкиот театар
На големата сцена во театарот „Јордан Х.К.-Џинот“ во Велес, вечерва, премиерно ќе биде изведена претставата „Елешник“ од Југослав Петровски, во режија на Елеонора Теова.
Таа појаснува дека „Елешник“ е претстава за дадениот збор, за образот и чесноста на една бескрајна љубов, што стануваат робови притиснати од стегите на лакомоста, отуѓеноста и лошото влијание на „брзото живеење“.
-Немоќниот човек, робот со одземена самодоверба, лажно ја црта својата среќа. Среќа изградена од материјални добра, далечна, надвор од „себеси“, таму некаде. А чесноста останува чесност, со гордо крената глава, готова да му се спротивстави на злото. да го претвори во љубов, мракот во светлина, грдосијата во убавина, чекањето во постоење, потенцира Теова.
Оваа најнова продукција на велешкиот театар е дипломска претстава по театарска режија на младата Елеонора Теова на Факултетот за драмски уметности во Скопје, за која дизајнот го изработи Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов.
Во претставата настапуваат актерите: Кети Борисовска, Андреј Серафимовски, Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски, Марина Поп-Панкова, Кирил Гравчев, Жарко Спасовски и Кристина Нацева.
Првата реприза на претставата е веќе закажана во вторник, 30 октомври.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница