Каква иднина носат одлуките на ЦК за ВМРО - ДПМНЕ?
Храбар потег на Мицкоски со кој партијата навистина ќе се прочисти или пак, погрешна тактика која може целосно да ја изолоира и маргинализира ВМРО-ДПМНЕ на политичката сцена. Политичките аналитичари со различен став за тоа каква опозициска партија можеме да добиеме по вчерашните одлуки за отстранување на Мијалков, Тодоров, Јанчев од врвот на партија. Сепак, единствени се дека се работи за процес на реформирање на партијата кој допрва почнува и ќе трае подолго време.
Наспроти него, професорот Никола Дујоски смета дека се работи за избрзан потег и дека подобр било решнеието да се оди на вонреден когрес на кој партијата јасно ќе испратела порака дека се оградува од посапаките на сите оние за кои се води истрага.
Централниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ објаснува дека се прави чистење на партијата од оние членови кои направиле криминална колаиција со Зоран Заев за обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието за измените на Уставот.
„Jасно Централниот комитет направи анализа кој и што правел во овој период на обезбедување на ова двотретинско мнозинство. Исто така она што е квалитативна одлика на оваа седница е дека после долги година на молчење во партијата се отвори една силна внатре партиска дебата за тоа што се случувало во партијата во изминатиот период. Процесот во вој момент се сведе на овие личности затоа што се однесува токму на оваа постапка, но секако ќе ги опфати сите оние кои се огрешиле пред партијата и пред законите. Но, исто така се во криминална коалиција со Зоран Заев која веќе ја честитав. Коалицијата е Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
