Еден загинат четворица тешко повредени во сообраќајќа кај Охрид
Едно лице го загуби животот, а четири се тешко повредени во сообраќајната незгода што утрово во 1:25 часот се случи на излезот од Охрид кон Кичево, кај манастирот „Св.Еразмо“.
На самото место на несреќата на здобиените повреди им подлегнал Д.Р.(38) од Охрид кој управувал патнички автомобил марка „Фиат Пунто“ со охридски регистарски таблички. Во несреќата потешко е повредени неговите сопатници Љ.С.(51), И.Р.(51), И.Ѓ.(56) и Ј.К.С.(35), сите од Охрид. Во несреќата повреден е и А.М.(31) од охридското село Лешани, кој управувал товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки. Повредените се префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Сообраќајната незгода се случила кога товарното моторно возило „Мерцедес“ што по магистралниот пат се движело од Охрид кон Подмоље, со предната лева страна удрило во патничкиот автомобил „Фиат Пунто“ управувано од сега починатиот. По инерција од ударот, товарното возило излетало на левата страна од патот.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид предводена од Јавен обвинител. За време на увидот, сообраќајот на магистралниот пат беше запрен во двата правци и пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција а врз товарното возило ќе се врши вонреден технички преглед и вештачење.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга