Рамчиловиќ признава: Гласавме ЗА, но со одредени барања и услови кои и се познати на јавноста

Зекир Рамчиловиќ е еден од 8-те пратеници кои гласаа за потребата од Уставни измени, а веднаш по гласањето, го испрати ова соопштение, додуше не лично, туку преку здружението АВАЗ кое го пренесуваме во целост:
- Република Македонија се наоѓа во исклучително тежок период. Најголемата одговорност за ваквата ситуација ја има власта предводена од СДСМ која веројатно со добри намери направи големи грешки во преговарачкиот процес со Република Грција и не доведе во ситуација од која и покрај лошиот договор не смееме да се враќаме назад. Односно, ситуација во која секое враќање назад би предизвикало далеку поголеми штетни последици врз Република Македонија и нејзините граѓани отколку започнувањето на процесот за уставни промени. Поради тоа дел од пратениците на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ донесоа тешка, но пред се одговорна одлука со која ќе гласаат за потребата од започнувањето на процесот за уставни промени, но со одредени барања и услови кои и се познати на јавноста.
Здружението АВАЗ ја подржува ваквата одлука и смета дека предлозите се добра основа за постигнување на заеднички прифатливо решение со кое ќе се обезбеди национално помирување и ќе се продолжи кон побрзо интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Здружението АВАЗ во работењето целосно е посветено на подобрување на положбата на Бошњаците и на сите македонски граѓани и така и ќе продолжи во наредниот период, а ова е и чекор во тој правец.- напиша Рамчиловиќ во писмениот допис од здружението АВАЗ.
Ново на Сител
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
-

Мицкоски од Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања
