Со средствата собрани од „Скопје трча 10 км“ ќе се реновира еден дом во СОС Детско село

Со кампањата „#СекојКилометарЗначи“ поврзана со атлетската трка Скопје трча 10км. која се реализираше пред десетина дена собрани се 60.314 денари кои ќе бидат искористине за хуманитарни цели.
- Преку #СекојКилометарЗначи заинтересираните можеа да купат километри во име на некој од амбасадорите Марко Марк, Андреј Стојаноски, Евгениј Хоуп, Сашко Коцев, Бојан Трајковски, Едина Муса, Цеце Трајковска, Јана Стојановска, Тино Костадиновски, Влатко Грозданоски, Елена Митева, Марко Новески, Перо Георгиевски, Ирена Спировска, Катарина Ивановска, Јована Георгиева, Ивана Торес, Викторија Лоба, Димитар Атанасовски, Игор Стефановски – Иџе, Игор Ангелов, Гоце Андреевски, Гораст Цветковски и Столе Стоилов. Благодарение на нив, луѓето значително ги зголемија своите чекори за донација. Во нивно име беа купени 140 километри и средствата од акцијата ќе бидат искористени за реновирање на еден од семејните домови во СОС Детско село, соопштија организторите на трката.
На „Skopje Run 10K“ се појавија рекорден број учесници. Тимот на „Skopje Run 10K“, Сојуз на спортови на Град Скопје, заедно со СОС Детско село ја отворија можноста за купување на хуманитарни километри онлајн неколку месеци пред самата трка.
Ново на Сител
-

Рускиот претседател Путин во официјална посета на Кина
-

Петмина убиени во пукотница во џамија во Сан Диего, двајца од мртвите се осомничени извршители на нападот
-

Скопје домаќин на Форумот на стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион
-

Руските сили пресретнале и уништиле 315 украински дрона, трет дрон уништен пред Москва
-

Хавана ја нарече „неморална и криминална“ американската политика на блокада на Куба
-

Најмногу дожд во Охрид, најстудено на Попова Шапка
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
