Гутереш: Бранот од мигранти кон Европа соочен со недостиг на финансии за хуманитарна помош
Комбинираните ресурси на агенциите на Обединетите нации, Црвениот крст и хуманитарните организации повеќе не се во состојба да обезбедат заштита и помош за спасување на животот на 60 милиони луѓе раселени поради војни и протерувања, изјави високиот комесар на ОН за бегалци, Антонио Гутереш.
Тој пред Комитет за човекови права на Генералното собрание на ОН истакна дека масовниот прилив на Сиријци, Ирачани, Авганистанци и Еритрејци во источниот дел на Средоземното Море ова година е соочен со недостиг на финансирање на за хуманитарните потреби.
Високиот комесар нагласи дека владите, поединечни личности, компании и фондации доставиле до Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) рекордни вкупно 3,3 милијарди долари минатата година.
Тој сепак нагласи дека буџетите за хуманитарна помош не се доволни за да ги покријат дури и минималните хуманитарни потреби.
Над четири милиони Сиријци по неколку години живеење во прогон во соседните земји ја потрошиле својата заштеда и загубиле надеж за политичко решавање на речиси петгодишниот конфликт.
- Околу 70 отсто од сириските бегалци во Либан живеат во крајна сиромаштија, а 86 отсто во градските обласи на Јордан живеат под прагот на сиромаштијата во земјата, рече Гутереш.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228