Бигорски и даруваше икони на црвквата во село Ербеле
Познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир и подари икони на црквата „Свето Преображение“ во селото Ербеле, област Поле или Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на албанско-македонската граница кај Дебар.
Иконите Бигорската обител ги даруваше по средбата што игуменот на манастирот, архимандрит Партениј ја оствари со Никола Ѓурѓај претседател на Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.
- Огромна благодарност искажуваме за архимандрит Партениј, кој позитивно одговори на нашето барање и со негов благослов денеска 12 икони ја разубавуваат една од најстарите и најзачајни цркви во овој дел на Албанија, каде што некогаш живееле голем број Македонци. Кога ги поставивме иконите, црквата светна во полн сјај и ми се чини како сите ангели да слетаа тука, на ова свето место, за да се радуваат на таа убавина, изјави Ѓурѓај за МИА.
Во селото Ербеле, сега живеат само многу малку Македонци, а за црквата „Свето Преображение“ сета грижа ја има преземено семејството на Андон Постоли.
Патрон на црквата е Преображение Господово, денот пред празникот и посебно на самиот празник, 19 август, вели Постоли и додава дека Македонците по потекло од ова село кои живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Горно Крчиште, како и во Дебар и други градови во Македонија доаѓаат за го одбележат празникот.
- По традиција и верување, ноќта спроти празникот, во нашата црква доаѓаат не само православни, туку и муслимани. Спијат во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ. Многу луѓе тука го имаат најдено лекот за својата болест, посочува Постоли.
Додека сум жив, додава, ќе се грижам за црквата, ќе палам кандило спроти петок, спроти недела, празник да не остане во мрак.
Црквата „Свето Преображение“ датира од 12 век, а во мај 1970 година Министерството за култура на Албанија ја прогласи за споменик на културата.
Ново на Сител
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени
-
Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува
-
Доктори од Клиниката за онкологија вршат прегледи во болницата во Битола, а од идната недела и во болницата во Тетово
-
Ангелов: Досега пријавени околу 400 лица за превенција од пожари, рокот продолжен за уште пет дена