-->
-->
Објавена снимка од убиството на Инстаграм ѕвездата
-->
Инстаграм ѕвездата од Ирак, 22-годишната Тара Фарес е убиена додека била зад воланот на своето порше, а непознатите мажи кои низ прозорецот испукале три куршуми, снимени се како бегаат на мотор.
Снимката која се појави во јавноста прикажува автомобил како полека се движи по улица во Багдад, додека убиецот седи на мотот на кој го чека соучесник и потоа заедно заминуваат. Поранешната Мис Багдад има повеќе од 2,6 милиони следбенци на Инстаграм и била позната по отворените ставови за слободата, животот и религијата.
Министерството за внатрешни работи соопштило дека девојката била уабиена од позната криминалистичка екстремистичка група, но не е познато дали убиецот е уапсен.
Фарес на својот Инстаграм профил објавувала свои фотографии нашминкана, во фармерки во проѕирни блузи кои ги откривале нејзините тетоважи.
Отворено зборувала за краткиот брак во кој стапила кога имала 16 години, како и за сопругот насилник кој објавувал нејзини интимни фотографии на интернет и го одвел нејзиниот син кој сега има 3 години.
Зборувала и против верските, племенските и политичките лидери. Додека многумина млади Иранци ги споделувале нејзините објави, другите ја критикувале провокативната антиисламка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава