Средба на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „За подобра Македонија“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес (6 октомври 2018-та година) оствари средба со политичките партии од Коалицијата За Подобра Македонија.
На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, за референдумот, како и за периодот што престои.
Коалицијата за Подобра Македонија оцени дека договорот на Заев со Грција е отфрлен од граѓаните кои јасно и недвосмислено се изјаснија против на референдумот, оние кои гласаа против и оние кои апстинирајќи одлучија да не го поддржат.
Власта воедно доживеа дебакл и го загуби легитимитетот од народот. Таквата порака од граѓаните треба задолжително да ја следи и почитува Владата, политичките партии и Собранието заедно со сите народни парламентарни претставници.
Изигрувањето на волјата на граѓаните би преставувало замирање и поништување на демократијата.
Коалицијата за Подобра Македонија ги осудува сите нерегуларности присутни при референдумското изјаснување организирано од власта. Се осудуваат чиновите на евидентно полнење на кутии, притисоци, закани и уцени на администрацијата, групно гласање, лажното преставување, вознемирување на приватните телефонски броеви на членови на опозицијата од страна на организирани кол центри, зад кој постои основано сомневање дека стои токму СДСМ и редица други неправилности. Дури и со вакви брутални притисоци владта не успеа да го протурка договорот со Грција и доживеа неуспех.
Воедно Коалицијата За подобра Македонија посочува дека одговорност мора да има за ваквите нерегуларности и груби злоупотреби кои не смеат да се повторат.
За да се надмине ова, Коалицијата за Подобра Македонија застанува зад барањата да се формира техничка влада најмалку 100 дена пред изборите, да се избере нов Јавен
Обвинител на предлог на опозицијата, како и да се формира посебна собраниска комисија која ќе ги испита и утврди одговорностите за злоупотребите направени при референдумското изјаснување.
Изборниот процес и народната волја не смее да биде украдена.
Политичките партии од Коалицијата за Подобра Македонија смета дека референдумот е неуспех не само на договорот туку и казна за сите неуспешни и погрешни политики и неостварени ветувања на актуелната Влада. Македонија со чело на Зоран Заев е земја без иднина.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец