Македонија
6. October 2018 - 11:00

Албански државјани тешко повреден при копање канал во село Колари

Вчера во 12 часот во Полициска станица Кичево од страна на доктор од Медицински центар Кичево, било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ш.Х.(38) од  Албанија.

Истиот, според пријавеното, повредите ги здобил во село Колари при копање на канал.

Од завршените проверки констатирано е дека Ш.Х. во Македонија нема пријавено престој.

Од страна на ОЈО дадени се насоки кон истиот да се преземат мерки од Законот за странци.