Конференција за одржлива економија со реализација на климатските политики

Енергетска демократија – Промени во енергетскиот сектор во ЕУ е темата на конференцијата што во организација на Здружението на граѓани „Изгрејсонце“ во соработка со Green European foundation (GEF) од Белгија ќе се одржи денеска во Скопје.
- Европа со цел преминување кон одржлива економија со реализација на зацртаните климатски политики мора целосно да го промени севкупниот енергетски систем и да пријде кон соработка помеѓу земјите членки. Статистиките покажуваат дека околу 45 проценти од домаќинствата во ЕУ би можеле да произведуваат сопствена обновлива енергија, велат организаторите.
Додаваат дека со отворање на предпристапните фондови на Европската унија ќе се отворат можности за неповратни грантови и финансиски средства за инвестиции во обновливи извори на енергија.
- Засега, минимален процент странски средства се искористени во процесот на имплементација и градење на енергетскиот систем со користење на обновливи извори на енергија како главен ресурс, се истакнува во соопштението.
Правни и физички лица во соработка со локалната самоуправа ќе бидат главни корисници на европските средства со цел развој на енергетската инфраструктура и локалната економија со искористување на обновливите извори на енергија.
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
