Вдоми - не купувај!, акција за вдомување бездомни кучиња во стационарот „Вардариште“
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден посветен на заштитата на животните - 4 Октомври, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во периодот од 4 до 10 октомври 2018 година, ќе организира отворени денови во Стационарот за бездомни животни „Вардариште“.
Во овој период, вратите на Стационарот ќе бидат отворени од 9 до 19 часот за сите љубители на животните кои сакаат да си одберат куче за вдомување.
Кучињата во моментот се наоѓаат во Стационарот „Вардариште“ и чекаат да бидат вдомени. Овие 60 кучиња се прегледани од страна на ветеринарен доктор, не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.
Ги повикуваме љубителите на животни кои планираат да купат миленик, да го посетат Стационарот „Вардариште“ и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие кучиња. На сите заинтересирани граѓани, кучињата им се отстапуваат без паричен надоместок.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување