Британските пратеници бараат јасна стратегија за пораз на ИД

Велика Британија не треба да ја прошири својата кампања против припадниците на групата Исламска држава, се додека не биде изработна јасна стратегија за пораз на џијадистите, се наведува во извештај на Комитетот за надворешна политика на британскиот Парламент.
- Сметаме дека британската воана акција не би требало да се прошири и во Сирија, се додека не биде изработена меѓународна стратегија со која би постоеле реални шанси за пораз на ИД и за ставње крај на сириската граѓанска војна, се наведува во извештајот на Комитетот во кој доминираат членови на Конзервативната партија на британскиот премиер Дејвид Камерон.
Комитетот уште оценува дека Камерон не би требало да бара Парламентот да одобри прпширување на воената операција на бртанските сили на Блискиот Исток, се додека не изнесе јасна стратегија за борба против ИД и да објасни дали зголеменото учество на Велика Британија во таквите акции ќе ги зголеми шансите за успех на меѓунардоната коалиција против џихадистите.
Британските медиуми оценуваат дека ваквото барање на Комитетот претставува удар за премиерот Камерон, кој веќе најави дека Лондон сака да стори нешто повеќе во борбата против ИД и дека ќе бара од Парламентот да одобри воздушни напади на британските авиони и врз џихадистите во Сирија.
Авиони на британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) сега учествуваат само во напди врз ИД во Ирак.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
