Промотивно-едукативен настан за броба против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Ветеринарната комора на Македонија денеска пред Школка во Градски парк организира промотивно-едукативен настан за подигнување на јавната свест за беснилото и важноста од вакцинација на домашните миленици како една од превентивните мерки за ширење на оваа болест која е опасна и за човекот.
Настанот се организира по повод Светскиот ден на борбата против беснило што се одбележува на 28 септември, а годинава е под мотото „Прати ја пораката, спаси живот“.
Според програмата, ветеринарните друштва од 10:30 до 13 часот ќе вршат бесплатен преглед на домашните миленици и ќе даваат совети за заштита на нивното и здравјето на нивните сопственици.
За најмладите ќе се организира едукативна работилница - ликовна академија на тема „Јас и мојот миленик”, а ќе присуствуваат и деца од СОС Детско село - Скопје.
Ново на Сител
-
Лепче со паричка на Бадник или на Василица?
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-
Православните христијани го слават Бадник
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации
-
МААЕ информира за силни експлозии близу Запорожје АЕЦ
-
Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната
-
Обилни снежни врнежи го парализираа воздушниот сообраќај во Северна Европа
-
Сончево со мала локална облачност