-->
-->
Ахмедовски: Да гласаме за држава по европски правила
-->
Министерот без ресор кој е одговорен за спроведување на стратегијата за интеграција на Ромите, Аксел Ахмедовски денеска на прес-конференција по повод претстојниот референдум од Делчево се обрати до сите граѓани од ромската популација.
Македонија, рече Ахмедовски, е на прагот пред донесување историска одлука на која граѓаните треба да го дадат својот глас за држава по европски правила, рече Ахмедовски.
- Време е Европа да ја донесеме во Македонија. Не можеме да чекаме уште 27 години. Секој глас „ЗА“, носи подобра иднина за нашите деца. Децата бараат да им обезбедиме подобар живот. Децата бараат да растат во здрава животна средина, безбедна и стабилна држава. Имаме обврска да излеземе и да помогнеме Македонија конечно да тргне напред. Иднината на нашите деца е во нашите раце и во нашиот глас, порача Ахмедовски од Делчево.
Вашето однесување во недела, додаде, ќе влијае трајно врз иднината на нашиот живот и врз иднината на државата.
- Да не дозволиме дискриминацијата да биде наше секојдневие, социјалната парична помош да не ни биде главна преокупација. Да овозможиме ромската заедница да биде дел од европското семејство, порача Ахмедовски и додаде дека 30 септември е ден за историска одлука и ги повика граѓаните да гласаат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица