Дуќанџиите од ТЦ Бисер бараат истрага за случајот Силбо во спротивно најавуваат протести и блокади
Здружението на сопственици на деловен простор за одржување на ТЦ Бисер го повикува Јавното обвинителство да покрене истрага за случајот со, како што велат, бесправната изградба на Пекарницата Силбо во ТЦ Бисер, во спротвино најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава до сите инволвирани.
- Ќе почекаме неколку дена да видиме дали институциите ќе си ја завршат својата работа и дали ќе го почитуваат законот. Во случај да не се почитува законот подготовени сме да излеземе на улица со протести и блокади да го изразиме револтот како што сегашната власт го изрази кон претходната, односно со „шарена револуција“, рече претседателот на Управниот добор на ТЦ Бисер Зоран Миткоски на денешната прес-конференција.
Тој истакна дека се работи за дивоградба и оти нема никакво одобрение за објектот во кој сега функционира пекарницата Силбо.
- На овој објект требаше да биде поставена урбана опрема иста како што има на спротивната страна. Со последното решение што го донел Борис Огњанов, овластениот градежен инспектор во општина Аеродром, ги прекршил првите две решенија што ги има донесено. Со решението ја усвоил жалбата поднесена од Силбо и ја дал да се разгледува на општа управна постапка, а со Законот за градење кога ќе се утврди дека некој изградил градежен објект без никакво решение следи уривање. За жал овде го немаме тоа, рече Миткоски.
Нагласи дека на првиот инспекциски надзор кој е направен на 12 јули градежниот инспектор по елборат даден од страна на инвеститорите утврдил дека нема никакво отстапување што е спротивно на фактичката состојба.
- Со вториот вонреден инспекциски надзор на 5 септември од Град Скопје и општина Аеродром е утврдено дека целиот објект е спротивен на Правилникот за поставување урбана опрема, односно дека е дивоградба по што Градот му наложи на општинскиот инспектор да постапи според Правилникот. На 18 септември Огњанов донесува сосема незаконско, неодржано и криминогено решение со кое го одлага извршувањето на своето решение од 5 септември за отстранување на недостатоците на предметниот објект, прецизира Миткоски.
За управителот на Силбо, Силјан Мицов објектот на пекарницата во ТЦ Бисер воопшто не е дивоградба.
- Бевме во општина Аеродром и поднесобвме жалба за се што ни кажаа да отстраниме. Поднесовме и жалба до Град Скопје и тој процес тече. Ги имам платено сите трошоци кон Град Скопје, а по судски пат ќе го решам што ми го имаат сменето елаборатот. Овде мементално ништо не е дивоградба, рече Мицов.
Потенцира дека ќе го почитува решението што ќе го донесе Град Скопје со рокот што му е даден.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец