-->
-->
Страотно: Татко монструм со месеци ја силувал неподвижната ќерка (15) која сега е бремена
-->

Злосторството е откриено во петокот, кога мајката Богданка Милеусниќ (40) им се доверила на социјалните работници, а потоа на изненадување на сите се покажало дека 15- годипното девојче со пречки во развојот е бремено шести месец.
Мајката Богданка дошла во Центарот за социјална работа во Шабац за да се изјасни дали сака да го преземе своето осмо чедо кое го оставила во болницата веднаш по породувањето, пред два месеци. Веројатно во паника, зошто стомакот на неспособната ќерка почнал нагло да расте, мајката на социјалните работници им раскажала дека нејзиниот сопруг, имал обичај да „спие“ со девојчето.

Таткото е осомничен за кривично дело обљуба на немоќно лице, за кое има многу сериозна казна.
Во ваквите случаи, сведочењата на очевидци не се од пресудно значење затоа што има материјален доказ. За жал кај девојчето тоа е поодмината бременост.
Бременото девојче веднаш по прегледот е сместено во болницата во Шабац каде стручен колегиум ќе одлучува за нејзината состојба.
Сопругата на монструмот, соочена дека тој ќе оди во затвор се обидела да ја релативизира работата, велејќи дека тој „не ја тепал само ја е...“.

Случајот ја разбранува цела Србија и многумина се шокирани како социјалните работници дозволиле тоа да се случи.
Нивните соседи се згрозени од случајот и за нив е несфатливо како семејството и покрај големата сиромаштија, Богданка родила 8 деца, од кои последните три ги оставила во родилиштето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
