Русија: САД ги снабдувале со оружје терористите во Сирија

САД ги снабдувале со оружје терористички групи активни во Сирија, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија на својата интернет страница и го повика Вашингтон да започне да се бори против терористите.
- Двојните стандарди на Вашингтон станаа особено јасни во Сирија. Откако руските воздушни сили, одговарајќи на барањето на легитимната влада, се придружија во борбата против тероризмот во таа држава разорена од долгогодишната војан, САД вложија секаков напор да ги заштитат убијците, се вели во соопштението на руското министерство.
Во соопштението се додава дека т.н сили на умерената опозиција се користат како човечки штитови, со кои се штитат екстремистите, меѓу кои и припадници на терористичката група Џабхат ал Нурса, „и покрај тоа што е таа огранок на Ал Каеда, која е одговорна за смртта на 3.000 Американци на 11 септември 2001 година.
- Во исто време, САД ги снабдувале овие групи со оружје, муниција и воена опрема, се наведува во соопштението.
Руското министерство оценува дека Вашингтон е подготвен да искористи „кој било, па дури и терористи“, со цел да го симне од власт сирискиот претседател Башар ал-Асад и поради други политички цели.
- Навистина е чудно тоа што американската јавност не обрнува внимание на непријавеното единство меѓу американските политичари и Ал Каеда, иако американскиот закон секоја поддршка на тероризмот ја смета за кривично дело, се нагласува во соопштенито.
Минстерството, исто така, изрази надеж дека САД ќе престанат да одолговлекуваат и ќе почнат да се борат против терористите.
Ново на Сител
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
-

Фалсификувал свидетелство за основно за да полага за возачка – кривична за 27-годишен кавадарчанец
-

Затвореник од Идризово преку телефон ѝ се заканувал на партнерката и нивниот син
