Сириската војска по грешка собори руски авион: Гаѓале израелски Ф-16-ки, го погодија Илјушинот, 15 загинати
Руската војска соопшти дека исчезнатиот авион ИЛ-20 бил урнат од сирискиот систем ПВО С-200 и дека загинале сите 15 членови на екипажот.
Вчера вечер четири авиони на израелската авијација Ф-16 нападнаа мети во Латаки. Израеслките авиони се спуштија на мала висина и „создадоа опасна ситуација за другите авиони и бродови во регионот“, се наведува во соопштението на руската војска.
Војската додаде дека бродовите на француската морнарица како и рускиот авион ИЛ-20 бил во подрачјето на израелската операција.
„Израелските пилоти го користеле рускиот авион како штит и го означиле како мета за силите на сириската воздушна одбра.а Како последица на тоа ИЛ-20, кој има пресек на радарот значително поголен од Ф-16, бил погоден од проектил на ракетниот систем С-200“, стои во соопштението.
Руското министерство нагласи дека израелците знаеле дека рускиот авион е присутен на тоа подрачје, што не ги запрело „провокациите“. Израел исто така однапред не ја предупредил Русија за планираната операција. Предупредувањето дошло минута пред почетокот на нападот, што „не оставило доволно време, рускиот авион да се премести во безбедно подрачје“, соопшти руската војска.
Израел засега не ги коментираше овие наводи.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот