Македонија
17. September 2018 - 11:05

Уште една трагедија: Дрвосечач почина при сеча на дрво во струшко

Вчера околу 12.50 часот пријавено е дека на место викано „Гропа“, атар на с.Франгово, струшко, Б.Х.(36) од Република Албанија, додека собирал дрва, на него паднало дрво.

Од ударот тој се здобил со повреди во пределот на главата, по што неговите другари го однеле во село Мали Влај, каде од страна на медицинска екипа бил направен обид за реанимација, но не покажувал знаци на живот.

Подоцна во Медицинскиот центар Струга била констатирана смрт. По Наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Сличен случај имаше и на 4 овој месец кога албански државјанин почина од повреди откако на глава му паднала гранка додека сечел дрво со моторна пила. Овој инцидент во кој загина К.Ц. (53) се случи во атарот на селото Лазарополе, во месноста „Јама“, додека сечел буково стебло со моторна пила. Во еден момент врз главата му паднала една гранка и загубил свест.

Повредениот работник со возило на Националниот парк „Маврово“ префрлен е во дебарската болница, а отаму во охридската болница „Свети Еразмо“ каде што утрово им подлегнал на здобиените повреди.

Албанскиот државјанин бил ангажиран преку струшка фирма, која имала тендер за сечење и транспорт на огревно дрво во регионот на Лазарополе.