Акција „Македонија без отпад“
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ Грин од Скопје и Градот Скопје организираат акција Македонија без отпад 2018 година која ќе почне денеска. Стартот ќе биде означен во општина Кисела Вода од страна на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Активностите за собирање на отпадоците ќе се одвиваат на две локации, на трим патеката покрај пругите во Кисела Вода, како и под мостот на бул. „Србија“.
Со поддршка од Министерството за образование и наука и Општина Кисела Вода дел од глобалната/национална акција за чистење на отпадоците ќе бидат учениците и наставниците од сите основни училишта кои се под надлежност на локалната самоуправа.
Општина Кисела Вода по повод Светскиот ден за чистење ги повика граѓаните да мапираат локации на кои има нелегални диви депонии на отпад, како би помогнале за поголема успешност на претстојната акција за чистење.
Ново на Сител
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа