Харадинај очекува добри вести од Европарламентот за визната либерализација

Косовскиот премиер Рамуш Храдинај изјави дека очекува Европскиот парламент денеска да објави добри вести за либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Косово има сили да чекори кон Европа, кон НАТО, кон пријателството со Америка, значи кон западниот свет. Во очекување сме на добрата вест и од Европскиот Парламент за либерализацијата на визите, изјави синоќа Харадинај.
Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни прашања при Европскиот парламент вчера објави дека гласањето на европратениците за визна либерализација за Косово ќе се одржи денеска.
По ова гласање се очекува да се потврди мандатот за почеток на преговорите со земјите членки на Еврпската унија за либерализација на визите за Косово.
Во јули, на препорака на Комитетот, Европската комисија одлучи дека Косово ги исполнува предвидените критериуми и и препорача на ЕУ да ги укине визите за коосвските граѓани.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
