Канческа-Милевска: Преземаме мерки со кои го валоризиравме уметничкиот труд

Во периодот од 2006 година наваму во областа на културата преземени се низа мерки со кои се валоризираше уметничкиот труд и се спречи одливот на квалитетен уметнички кадар надвор од државата, оцени денеска министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска.
На денешната прес-конференција министерката информира дека од 2006 година досега обезбедени се вработувања за 1.089 уметници и помошно - административен кадар, односно оти бројот на вработени во културата е зголемен за 48,79 проценти. Од друга страна со Законот за трансформација во редовен работен однос, донесен кон крајот на минатата година, во областа на културата решен е еден од егзистенцијалните проблеми за 86 лица, а заклучно со 2016 година се очекува решенија на неопределено време да добијат уште 104 лица кои се ангажирани во културните институции.
- Во 2006 година наследивме исклучително лоша состојба во сите институции од областа на културата во кои статусот на уметниците беше регулиран со договори на дело кои не предвидуваа ниту пензиско, ниту здравствено осигурување. Токму затоа, наша основна цел беше да обезбедиме средства и можности за вработување на овие уметници, односно од една страна нашите истакнати музичари, актери, режисери, музејски работници да станат дел од националните институции во културата, а од друга страна да ги стимулираме младите уметници да го вложат својот креативен потенцијал во установите во нашата земја, нагласи Канческа - Милевска.
Како дел од мерките што ги презема Владата во областа на културата, министерката ги посочи и зголемувањето на платите на уметничкиот кадар за околу 60 проценти, националните пензии кои досега се доделени на 66 уметници, како и наградата национален уметник која ја имаат добиено четворица македонски уметници. Во контекст на поттикнувањето на младите уметници, Канческа - Милевска го спомена и финансирањето на едукацијата во странство на околу 100 млади и талентирани уметници од сите дејности.
Директорите на националните институции изразија задоволство од преземените мерки во изминатиот период со кои, како што истакнаа, е подобрено функционирањето на институциите и е спречен одливот на квалитетен уметнички кадар надвор од државата.
- Квалитетните музичари успеваме да ги задржиме во својата матична земја и тоа не како било, туку да ги вработиме со трајно вработување. Успеваме многу нешта во поглед на законите да ги подобриме и се да функцонира на високо ниво и по светски стандарди, рече Маја Чанаќевиќ, директорка на Македонската филхармонија.
Ново на Сител
-

Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
