Изложба „Златната рипка и потомокот“ на Михаела Јовановска во Софија
Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија на 13 септември 2018 година, од 18:30 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Златната рипка и потомокот“ на Михаела Јовановска.
Михаела Јовановска е вработена во НУ Национална галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Додипломски студии завршила на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се изразува во различни медиуми од кои најчеста е уметничката инсталација. Нејзините дела се изложувани во повеќе групни и четири самостојни изложби во Македонија и странство, вклучувајки ги Мала станица - НУ НГМ во Скопје, Биенале на млади - МСУ во Скопје, MC Gallery во Њујорк, Прима центар во Берлин, галерија Лауба во Загреб, Миодраг Дадо Џуриќ во Цетиње и КИЦ во Софија.
Изложбата „Златната рипка и потомокот“, со која Михаела Јовановска ќе се претстави пред публиката во Софија, содржи дела создадени во комбинирана техника со користење на акрил, принт врз пластична фолија , плексиглас, епоси смола и т.н.
Настанот е дел од Годишната програма на КИЦ на Република Македонија во Софија и е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија
-
Бесент: Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за минерали
-
Сончево и топло до 28 степени
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни