Продолжува судењето за „Тортура“

Со изведување материјални докази денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсењето на Љубе Бошкоски.
На минатото рочиште оштетениот Бошкоски, на сослушувањето во својство на сведок, рече дека му е многу жал што се случил таков настан, и оти сака да го избрише од неговата меморија. Тој оцени дека апсењето било политички реваншизам што произлегол од неговите јавни настапи по напуштањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на Обединети за Македонија.
Бошкоски рече дека ќе бара обвинетите кривично да одговараат, а за оштетното побарување ќе каже во текот на постапката.
Сите обинети пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
Бошкоски во изјава за медиумите прашан колкава материјална штета ќе побара, рече дека тој не е тука за материјална штета, туку за штетата која му била нанесена наму, на неговото семејство и на неговата политичка партија од, како што го нарече, полициско-политичкиот монтиран процес.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
