Свет
4. September 2018 - 17:24

Песков не потврди дека Путин доаѓа во Белград

 Кремљ се уште нема донесено одлука за можна посета на претседателот Владимир Путин на Србија и Франција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Одговарајќи на прашање на новинарите дали е познат датумот на посетата на Путин на Србија, Песков одговори негативно, информира руската агенција Тасс.

- Не, засега не, одговори Песков.
На прашањето дали започнале подготовките за оваа посета, тој родговори дека „засега не е јасно".

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин, претходно денеска изјави дека Путин ќе ја посети Србија во октомври или ноември.

Чепурин рече дека политичките односи меѓу Србија и Русија се добри и дека на двете земји им треба повеќе време и значај за да се посветат на економската соработка. Тој најави дека во октомври, пред посетата на Путин на Србија, ќе се одржи меѓувладин комитет за соработка меѓу Русија и Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот во Батајница во август најави дека Путин треба да ја посети Србија во ноември