Живот
4. September 2018 - 14:06

Скандал: Децата во градинка во Кина ги дочека танчерка на шипка, шокираните родители заедно со децата побегнаа од сала

Леи Ронг, директорка на детска градинка во кинескиот град Шенжен, добила отказ зошто организирала скандалозен пречек за децата и нивните родители по повод тргнувањето на децата во градинка/

Околу 500 деца на возраст од 3 до 6 години и нивните дотерани родители во свечената сала ги пречека танчерка кој изведувала еротски танц на шипка.

Таа полугола се виткаше околу шипката и мешаше со задникот пред зачудените родители кои им ги покриваа очите на децата и од знак на протест ја напуштаа претставата.

„Немав лоши намери... Танчерката само требаше да создаде пријатна атмосфера за првиот ден во градинка“... Сега сепак сфатив дека мојата одлука не беше добро промислена и се каам поради тоа“, изјави директорката по повод скандалот.

Таа додаде дека за децата и родителите ангажирала и џез музичари и група која изведува традиционални кинески танци. Госпоѓата Леи Ронг сепак доби отказ откако  спорното видео се појави во јавност, а само од понеделникот го прегледаа над 5 милиони луѓе.